Top Sport

Салах се повреди во финалето на ФА купот, две седмици пред финалето на ЛШ

Ливерпул остана без својот најдобар фудбалер Мохамед Салах по само половина час од финалето на ФА купот на Англија против Челси. Египќанецот се пожали на болки во мускулот и мораше да биде повлечен од игра, а на негово место Јирген Клоп го уфрли Диого Жота.

Оваа повреда на Салах доаѓа само на две седмици пред финалето на Лигата на шампионите. Ливерпул на 28 мај во Париз ќе се сретне против Реал Мадрид во битка за најпосакуваниот трофеј во европскиот клупски фудбал.

Scroll to Top