Top Sport

Воска се засили со Бобан Георгиев

Новиот македонски прволигаш Воска Спорт доведе уште засилување во пресрет на дебитантската сезона во елитата. Тоа е Бобан Георгиев кој доаѓа од редовите на Леотар Требиње.

Тој треба да ја засили офанзивната линија на тимот на Воска.

Претходно, Георгиев настапуваше за Брегалница во домашниот шампионат.

26-годишниот крилен напаѓач играше и за Борац Бања Лука и за Радник, како и за Силекс.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');