Дебитантот во Првата фудбалска лига, тимот на Воска спорт, доведе уште едно ново име во пресрет на новата сезона. Тоа е Нигериецот Сикиру Олатунбосун со кого потпиша двегодишен договор.
Крилниот напаѓач доаѓа како слободен играч, а минатата сезона ја помина во Тузласпор во турската прва лига. Во Турција играше и во Менеменспор и Анкараспор, а настапуваше и во Египет за составот на Смуха.