Top Sport

Арда Туран отворено за менталните проблеми

Поранешниот фудбалер на Барселона, Арда Туран отворено проговори за неговите проблеми со менталното здравје додека бил активен фубалер, откако поранешниот турски репрезентативец откри дека имал проблеми со спиењето со години.

35-годишниот Туран, кој сега е вратен во својот прв клуб Галатасарај, помина речиси цела деценија во Ла лига, прво со Атлетико Мадрид, а потоа и со Барселона, во говор пред Универзитетот во Истанбул призна дека престојот во оваа земја му помогнал повеќе отколку времето поминато во неговата татковина.

„Направив многу големи грешки. Страдав од проблеми со спиењето со години. Не се грижев добро за самиот себе, а причината е психолошка. Во минатото не можев психолошки да поднесам. Ќе почнев со диета, па ќе прекинев по 10 дена. Ќе почнев со напорна работа, па ќе се откажев. Подобро се грижев за самиот себе кога бев во Шпанија, таму бев покомплетен“, изјави Туран.

Откако влезе во сениорскиот тим на Галата во 2005 година, тој направи трансфер во Атлетико во 2011, станувајќи дел од „револуцијата“ на Диего Симеоне, освојувјќи ги титулите од Лига Европа, Копа дел Реј и Ла лига до 2014. По ова тој напрви трансфер во Барселона, но на „Ноу Камп“ не се снајде, одигрувајќи 55 натпревари, пред во 2018 да замине во Башакшехир, а во 2020 во Галатасарај.

Scroll to Top