Top Sport

Вотфорд „ја плати сметката“ на Норич, пораз со 8-0 од Сити на „Итихад“

Шампионот во Премиерлигата, тимот на Maнчестер Сити денеска одигра феноменален меч на „Итихад“ на кој забележа преубедлива победа од 8-0 над тимот на Вотфорд. Се чини дека „граѓаните“ со камата го наплатија поразот што минатото коло го доживеаја кај Норич („канаринците“ славеа со 3-2).

Манчестер Сити влезе во историјата на ПЛ со тоа што за само 18 минути од почетокот на мечот, веќе водеше со 5-0.
Давид Силва погоди за 1-0 во 1 минута.
Агуеро од пенал зголеми на 2:0 во 7 минута.
3:0 беше во 12 минута, стрелец Ријад Марез.
Само 3 минути подоцна веќе беше 4-0, стрелец Бернардо Силва.
„Петардата“ во голот на Вотфорд пукна во 18 минута благодарение на стрелецот Отаменди.

„Граѓаните“ го намалија темпото до крајот на првото полувреме.

Сепак, на шестиот гол во мрежата на гостите не се чекаше предолго. Само што започна второто полувреме, во 48 минута
Силва со вториот гол носи зголемена предност. Истиот играч успеа да постигне хет-трик на овој меч. Погоди за 7-0 во 60 минута.

До крајот на мечот прецизно стрелаше уште и Кевин де Брујне во 85 минута откако претходно забележа и две асистенции.

Само еден гол му недостасуваше на Сити да го стигна рекордот што го има Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. „Ѓаволите“ во сезоната 1994/1995 со 9-0 славеа против тимот на Ипсвич, победа која стои забележана како највисока во историјата на ПЛ.

Во останатите два натпревари од ПЛ кои започнаа во 16 часот, Барнли дома победи со 2-0 против Норич, додека Евертон на својот стадион беше поразен со истиот резултат од Шефилд Јунајтед.

Scroll to Top