Top Sport

Федерер го среди Кирјос на Лејвер купот за славје на Тимот на Европа (видео)

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за помалку од два часа го победи австралискиот тенисер Ник Кирјос о 2-1 (6-7 7-5 и 10-7) на Лејвер купот.

Федерер на Тимот на Европа му донесе предност од 5-3 на вториот ден од натпреварувањето. Тука Швајцарецот имаше консултатска помош и од Надал.

Федерер прв стигна до брејк, поведе со 3-1, но Австралиецот направи рибрејк и сетот отиде во тајбрејк. Тука Швајцарецот поведе со 4-0, но Кирјос се врати во ритам, освои 7 од наредните 8 поени и поведе со 1-0.

Во вториот сет се играше израмнето. Се стигна и до 5-5, сепак Федерер направи брејк и го освои овој сет израмнувајќи на 1-1.

Во третиот сет, според правилата на Лејвер купот, се играше „супер тај-брејк“. Федерер лесно стигна до предност од 8-3, по што мечот го реши во своја корист.


Претходно победа за Тимот на светот донесе Американецот Џок Иснер кој славеше со 2-1 над Александер Зверев.
Во тек е дуелот меѓу Шпанија и Канада, односно меѓу Надал и Раониќ.

Scroll to Top