Top Sport

Вотфорд не знае за доста – три победи во четири меча за излегување од опасната зона (видео)

Вотфорд беше „закован“ на дното на премиерлигашката табела пред со 2:0 да го победи Манчестер јунајтед и да ја почне низата од четири меча без пораз, која во неделата продолжи со 3:0 победа на гостувањето на Бурнмаут за тимот конечно да излезе од зоната за испаѓање.

„Хорнетси“ стигнаа до водство на „Виталити“ во 42. минута преку Абдулаје Дукуре, кој постигна ефективен гол од блиску, за истиот фудбалер потоа во 65. минута да му асистира на ветеранот Трој Дини за удвојување на водството по мешаница во шестнаесетникот на домашниот тим. Рикардо Переира во 92. минута само стави сол на раните на Бурнмаут.

Сега, Вотфорд се наоѓа на 17. место на табелата со 22 поени, еден повеќе од Астон вила (која подоцна игра со Манчестер сити) и два повеќе од Бурнмаут, кои сега се без победа во пет меча во Премиер лигата.

Scroll to Top