Top Sport

Тешка битка во првото полувреме, Македонија има +2 против Чешка

Македонската ракометна репрезентација има предност од 11:9 по првите 30 минути од пресметката со Чешка, во цврст натпревар во одбраната на двата тима, и меч во кој играме подобро од првиот меч со Украина.

На Македонија и е потребна победа против Чесите за „визирање“ на патот во втората рунда на Евро 2020, додека Чесите играат за „опстанок“.

Македонија прва дојде во водство преку Дејан Манасков, но Чесите играа гол-за-гол во првите минути за дури да поведат со 6:5. Со два одлични гола на Георгиевски и Лазаров успеваме првпат да се одвоиме на +2 (7:5). Со две одлични интервенции на Ристовски (една од пенал), успеваме да стигнеме и до 8:6 водство преку Стојанче Стоилов, меѓутоа потоа правиме неколку грешки и дозволуваме Чесите да се вратат и да израмнат на 8:8.  Лазаров и Кузмановски ја враќаат предноста на +2 (10:8), за на крај да се отиде на одмор со 11:9 предност.

Лазаров со четири гола е најефикасен во мечот со многу малку голови, додека Манасков има два гола.

Фото: ЕПА

Scroll to Top