Top Sport

Возбудливо реми меѓу Њукасл и Вест хем (видео)

Вест хем двапати водеше на „Сент Џејмс парк“, но на крајот одиграа само 2:2 со Њукасл и заработија само поен во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Мајкл Антонио ги донесе „чеканите“ во водство уште во четвртата минута, но Њукасл успеаја да израмнат преку Парагваецот Мигуел Алмирон во 17. минута. Вест хем повторно поведе во 65. минута преку Томаш Соучек, но Џонџо Шелви врати експресно во 67. минута за 2:2.

Со поенот, Њукасл остануваат на 12. место со 43 поени, додека Вест хем на Дејвид Мојс се на 16. место со 31 поен, четири над зоната за испаѓање на пет кола пред крајот на шампионатот.

Scroll to Top