Враќањето на Ромелу Лукаку на терените е одложено. Напаѓачот на Интер денеска ги мина медицинските тестови, по што стана јасно дека нема да може да продолжи со тренинзи. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови на почетокот на следната недела и Симоне Инзаги се надева дека Белгиецот ќе биде подготвен за натпреварот против Фиорентина на 22 октомври.
Лукаку се врати во Интер ова лето и добро ја започна сезоната. Сепак, потоа заработи повреда на мускулот што го мачеше околу шест недели. Тој веќе пропушти десет натпревари на „нероаѕурите“.
Напаѓачот се надева дека ќе може да одигра неколку натпревари во Серија А за да може да влезе во ритам пред Светското првенство во Катар.