Претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу порачал дека е можно еден ден Пеп Гвардиола повторно да биде тренер на Каталонците. Гвардиола во од 2008 до 2012 година ја предводеше Браселона и тој период е најуспешен во клупската историја. Со Гаврдиола Барса три пати биле шампиони на Европа.
Славниот тренер по заминувањето од Барселона тро години работаше во Баерн, а последните неколку сезони е менаџер на фудбалерите на Манчестер сити.
„Не зависи од мене дали Пеп ќе се врати кај нас. Тој реши да замине. Можам само да кажам дека вратата на клубот за него секогаш е отворена“, рекол Бартомеу за „Ла Република“.
Првиот човек на Барселона во разговорот рекол дека актуелниот тренер Ернесто Валверде имал целосна доверба од сите структури во клубот.