Екипата на Џенова до крајот на сезоната ќе води борба за опстанок во Серија А, откако во саботата запиша пораз на домашен терен од Торино (0:1). Џенова, во чии редови игра Горан Пандев, на пет кола до крајот на првенството се наоѓа на 15 место со само пет бода повеќе од Емполи кој е во зоната на испаѓање.
Џенова на последните пет натпревари има освоено само еден бод, поради што претседателот Енрико Прециози размислува да го отпушти тренерот Чезаре Прандели. Она што е интересно во целата приказна е дека тој сака на клупата да го врати Давиде Балардини, кој ја почна сезоната и кого Прециози буквално го избрка од клубот на 9 октомври.
Балардини, иако доби отказ, се уште зема плата од клубот, поради што не е исклучено дека тој ќе се врати, иако разделбата помеѓу него и Прециози не беше пријателска.
На местото на Балрдини дојде Иван Јуриќ, кој ја доживеа истата судбина и доби отказ на 7 декември. Актуелните тренер Прандели досега тимот го водел на 19 натпревари.