Најстариот италијански клуб Џенова грчевито се бори за опстанок во Серија А, а надежите за остварување на целта значително се зголемија откако тимот стигна до својата само втора победа во шампионатот.
Џенова славеше со 1:0 против Торино, иако повеќе од цел час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Лео Остигард во 24.минута.
Победничкиот гол за Џенова го постигна Маноло Портанова во 14.минута од мечот, а Торино немаше одговор до крајот.