Инфлуенсерката Габриела Кавалин го обвини фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони (23) за насилство. Во интервју за бразилската телевизија „Рекорд“, Кавалин изјави дека фудбалерот прв пат ја напднал минатата година во Бразил.
Инфлуенсерката го опиша насилството и откри дека го пријавила во полиција.
„Ме држеше со двете раце, ме фрли на креветот и скокна врз мене, ми ја откачи силиконската протеза. Останав без воздух, мислев дека ќе умрам”, рекла Кавалин, додавајќи дека потоа добила 40 конци на нејзините гради.
Кавалин го пријавила Антони во полиција, за семејно насилство, закани и физички повреди. Таа тврди дека Антони и се заканувал дека нивниот нероден син ќе умре доколку таа ја прекине нивната врска. Во јуни 2022 година, Кавалин откри на социјалните мрежи дека имала спонтан абортус.
Кавалин го обвинува и Антони дека ја затворил во нивниот дом и не и дозволувал да излезе.
„Ми ги скина куферот, ми го фрли мобилниот телефон, ми ги зеде чантата и пасошот. Не сакаше да ме пушти. Бев заробена од 22 до 3:30 часот. Сакав да заминам. Мислам дека мајка му повика физиотерапевт и побара помош. Никој не можеше да го контролира“, вели Калавин и дополни.
„Ќе одам во Англија да го пријавам за насилство, затворање, ментално малтретирање и се што ми направи“, додаде таа.
Бразилскиот „Вал Еспорте“, објави дека Антони одбил да ги коментира наводите, додека „Дејли Мејл“ пишува дека клубот од Манчестер наводно започнал внатрешна истрага.
Според„ Трансфермаркт“, Антони дојде во Јунајтед од Ајакс во летото 2022 година за 95 милиони евра, што го прави вториот најскап играч во историјата на клубот, зад Пол Погба (105 милиони евра).
Во првата сезона забележа 47 настапи, постигна девет гола и забележа пет асистенции.