Top Sport

Вучиќ: Очекувам цела Македонија да навива за Србија на СП

Северниот сосед Србија е во фудбалска еуфорија, а вечерва избраниците на Драган Стојковиќ Пикси ќе го играат првиот меч на Мундијалот, и тоа против селекцијата на Бразил, еден од најголемите фаворити за трофејот во Катар.

Интересна изјава даде претседателот на Србија, Александар Вучиќ, споменувајќи ја и Македонија.

„Нема зошто да кријам. На последното Европско првенство јас и сите во Србија навивавме за Македонија. Сега е време и браќата Македонци да ни ја дадат поддршката на ова Светско првенство. Уверен сум дека и вечерва против Бразил ќе навиваат за Србија“, изјави претседателот на Србија.

Натпреварот меѓу Бразил и Србија се игра вечерва (20 часот) на стадионот „Лусаил“ во Доха.

Scroll to Top