Top Sport

Вуд и Барнли ги растурија „волците“ на „Молињу“

Новозеланѓанецот Крис Вуд постигна хет-трик во првото полувреме за да ги предводи Барнли до неверојатна 4:0 победа на гости кај Вулверхемптон и дефинитивно да избегаат од зоната за испаѓање во Премиер лигата.

Вуд стрелаше во 15., 21. и 44. минута од првото полувреме за да ја продолжи очајната сезона на „волците“ , кои минатата сезона се бореа за пласман во Европа, а овојпат сезоната ќе ја завршат во долниот дел од табелата. Ешли Вествуд во 85. минута со удар од далечина ги постави конечните 0:4.

Вулверхемтон остануваат на 12. место на табелата со 43 поени, додека Барнли сега се 14. со 36 поени, високи девет поени над зоната за испаѓање.

Scroll to Top