Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед во заминување, Ед Вудворд инсистира дека клубот е „посветен“ да се оствари успех со Оле Гунар Солскјер и покрај низата лоши резултати на стартот на сезоната 2021/22.
Јунајтед гостуваат кај Вотфорд во сабота со серија во која освоија само 4 поени од последните 6 меча, вклучувајќи два засрамувачки порази од лутите ривали Ливерпул (0:5) и Манчестер сити (0:2), што ги зголеми шпекулациите дека клубот веќе бара замена за норвешкиот тренер со Брендан Роџерс, Маурисио Почетино и Зинедин Зидан како најчесто споменувани имиња. Но, од клубот целосно застанаа зад Солскјер и при извештајот на последните финансиски резултати на клубот (во кој има зголемување од 23 отсто на платите за играчите), Вудворд даде нова поддршка.
„Овие финансиски резултати покажуваат дека сме жилави и за време на пандемијата, но главниот приоритет останува успехот на теренот. Менаџерот, фудбалерите на клубот и сите вработени се посветени кон таа цел“, вели Вудворд.
Јунајтед ги зголеми приходите за 16 отсто на 126.5 милиони фунти во трите месеци до 30 септември поради враќањето на публиката на „Олд Трафорд“. Но, со ангажирањето на Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, клубот сега плаќа 1.3 милиони фунти повеќе секоја недела за плати. Јунајтед тие три месеци плати 88.5 милиони фунти само за плати.