Top Sport

Канело ќе се обиде да стане шампион во пет тежински категории

Мексиканскиот боксерски „крал“, Саул „Канело“ Алварез објави дека ќе се пресели во крузер категорија во обид да стане светски шампион во петта тежинска категорија.

Канело само што стана апсолутен шампион во супер-средна категорија, нокаутирајќи го Кејлеб Плант минатата недела, за да стане шампион во четири категории, а сега сака да се обиде да го освои ВБЦ појасот на крузер шампионот, Илунга Макабу. ВБЦ потврди дека го одобри неговото барање, а претседателот на федерацијата Маурисио Сулаиман призна дека е изненаден од обидот на Мекскиканецот.

Канело веќе беше шампион во супер-велтер, средна, супер-средна и средно-тешка категорија, каде што го нокаутираше Сергеј Ковалев. Само пет боксери во историјата успеале да освојат титули во пет категории – Флојд Мејведер Јуниор, Оскар де ла Хоја, Реј Чарлс Ленард, Томас Хернс и Мани Пакјао, кој е апсолутен рекордер со титули во осум тежински категории.

Scroll to Top