Вулверхемптон приреди вистинска сензација во 20.коло во Премиер лигата. „Волците“, во Лондон, славеа над Тотенхем 3:1. Во попладневните мечеви победи забележаа Кардиф, Фулам, Брајтон, додека без победник заврши дуелот Вотворд-Њукасл.
Тотенхем остана без енергија против Вулверхемптон. Играчите на Маурицио Покетино, кои во претходните два меча постигнаа 11 гола, против Вулверхемптон речиси и да не направија гол-шанса.
Хари Кејн постигна прекрасен гол во 22.минута. Резултатот 1:0 беше актуелен до 72.минута кога израмни Боли. Во финишот „волците“ го комплетираа пресвртот со головите на Хименез во 83. и Коста во 87.минута.
Фулам савеше во дуелот со Хадерсфилд. Србинот Митровиќ го постигна единственот гол во 91.минута. За Митровиќ ова е прв гол по пауза од шест натпревари.
Фулам во 81.минута ја имаше најдобрата шанса за гол, но Камара промаши пенал. Претходно Камара и Митровиќ влегоа во расправија кој да го шутира пеналот.
Пенал не реализира и Медисон на дуелот помеѓу Лестер и Кардиф во 68.минута. На крајот Кардиф ги освои бодовите со голот на Камараса во 92.минута.
Еден гол го реши победникот и на натпреварот помеѓу Брајтон и Евертон. Стрелец на голот беше Јирген Локадија во 59.минута.
По еден гол и по еден бод освоија Вотфорд и Њукасл. Гостите водеа со голот на Рондон во 29.минута, а израмни во 82.минута Дукуре.