Вулверхемптон го потврдија трансферот на Даниел Поденс од Олимпијакос за сума од 21 милиони евра.
Ова е вториот најголем трансфер во клупската историја. Повеќе пари, вкупно 38,5 милиони евра, Вулвс платиле само за напаѓачот Раул Хименез.
Од друга страна ова е најскапиот излезен трансфер во историјата на Олимпијакос. Пред 12 години грчкиот тим го продал Нери Кастилјо во Шахтјор за 20 милиони евра.
Поденс ја зголеми португалската колонија во Вулверхемптон на чија клупа седи неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто. Вулвс сега во тимот имаат осум играчи од Португалија.
Поденс во новиот клуб ќе ја носи десетката, а дебито би можел да г има в сабота на „Олд Трафорд“, против Манчестер Јунајтед.