Top Sport

За Буфон конфликтот со судијата Мајкл Оливер е најгорд момент во кариерата

Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон вели дека четврт-финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во 2018 му е најгордиот момент, и покрај тоа што доби црвен картон за конфликтот со англискиот судија Мајкл Оливер.

„Бјанконерите“ загубија 3:0 во првиот меч на домашен терен од Реал, пред да поведат со 3:0 на „Сантијаго Бернабеу“, пред Реал Мадрид да добие пенал во последните минути од мечот. Буфон ја загуби контролата и влезе во конфликт со Оливер,а Кристијано Роналдо беше прецизен од белата точка да ги однесе Реал во полуфиналето (и потоа до титулата).

„Мадрид во 2018 е мечот на кој сум најмногу горд, и уште не сфаќам зошто судијата Оливер ми даде црвен картон. Не го навредив, иако мислам дека некој од моите соиграчи го удри во ребра“, вели Буфон во интервју за „Ла стампа“.

Тоа беше последен меч од Лигата на шампионите со Јуве за Буфон, и тој остана без трофеј иако трипати играше во финалето. Тоа лето тој си замина во Пари Сен-Жермен, со кои беше елиминиран во осминафиналето, пред да се врати во Јуве како резерва следната сезона.

Буфон: Оливер има канта за отпад наместо срце

Истрага поради заканувачките пораки кон сопругата на Оливер

Scroll to Top