Марко Силва барем засега ќе остане на тренерската позиција во Евертон иако клубот од „Гудисон“ бележи катастрофални резултати оваа сезона. Екипата на која и предвидуваа пласман меѓу првите шест во Премиер лигата се наоѓа на 17 место на табелата.
Евертон, вчера, загуби во Лестер 2:1, иако имаше предност од еден гол. Ихаеначо во 94 минута им ги скрши срцата на навивачите на Евертон.
Само четири победи и дури осум порази, со два нерешени резултати е премалку за тим во кој се вложени преку 200 милиони евра. Позицијата на Марко Силва со недели не е сигурна, но како сега стојат работите тој ќе остане на функцијата до градското дерби со Ливерпул.
Потоа челниците ќе ја решат неговата судбина.
Инаку по натпреварот со Ливерпул пред Евертон се уште два тешки натпревари, ќе го пречекаат Челси, па ќе гостуваат кај Манчестер Јунајтед.