Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го „пикирал“ Фабијан Руиз како прва мета во летниот преоден рок и „црвените“ се подготвени да платат дури 74 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред на Наполи, тврди британскиот „Експрес“.
23-годишниот Шпанец доби понуда за продолжување на договорот со клубот од „Сан Паоло“, но тој решил да ја одложи одлуката до крајот на сезоната. Руиз пристигна во Италија од Севилја пред две сезони и има уште три години од својот договор со Наполи.
Сепак, до потписот на Руиз нема да се дојде лесно, посебно бидејќи неговиот агент потврди дека бил контактиран од повеќе големи клубови, меѓу кои се верува дека се и Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.