Најдобриот стрелец во турската репрезентација, Хакан Шукур, најголемото име во историјата на фудбалот во Турција, веќе не може да се врати дома по конфликтот со претседателот Реџеп Таип Ердоган и невидениот „пад“ од слава, објавува „Гардијан“.
Во турските медиуми постојано се „врти“ фотографијата од венчавањето на Хакан Шукур на која се наоѓа тој, сегашниот претседател Ердоган и свештеникот Фетулах Гулен, кој беше обвинет дека го инспирирал државниот удар пред неколку години, а денеска е во прогон во САД.
Но, тоа беа посреќни денови – неговата сопруга е мрвта, нејзиниот татко беше во затвор по пучот, а Хакан си замина од Турција со обвинение дека го навредувал Ердоган преку социјалните мрежи.
По крајот на кариерата на 36 години, тој реши да влезе во политиката. Прво влезе во партијата на Ердоган, но како се движеше времето, нивните ставови станаа целосно спротивни. Неговата прва сопруга загина во земјотресот во Истанбул во 1999 година, но тој повторно се ожени и има три деца. Постојано беше повикуван како политички експерт на „ТРТ“, но социјалните мрежи на крајот му донесоа само пад.
На 15 јули 2016 година, по обидот за државен удар кој беше спречен од војската, почна „чистката“ во Турција. Над 120.000 луѓе ги загубија работите, а 50.000 беа уапсени. Во август 2016 се издаде и потерница за Шукур, кој успеа да побегне во САД, откако одби да се откаже од Гулен. Неговиот татко Селмет беше уапсен во џамија во Адапазари и обвинет дека финансиски го помогнал државниот удар, по што им следуваше конфискација на имотот.
Шукур долго време во Турција имаше статус на „недопирлив“, откако беше вистинска легенда како „Бик од Босфорот“, како најдобар стрелец во турскиот дрес и во Галатасарај, а го почитуваа дури и навивачите на Фенер и Бешикташ. На СП во 2002 година, тој против Јужна Кореја постигна гол по само 10 секунди, што останува рекорд на Мундијалите.