Познатиот француски спортски весник „Л’Екип“ го објави својот најдобар тим за 2020 година, во кој зачудувачки нема место за Лионел Меси, додека Кристијано Роналдо го доби своето место.
Во тимот доминира европскиот и германски шампион Баерн Минхен, но од шпанската Ла лига има само еден играч – ветеранот Серхио Рамос од Реал Мадрид, кој е лидер на одбраната покрај двајцата фудбалери на Ливерпул, Виргил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, а од европските шампиони тука е Алфонсо Дејвис.
Други четири фудбалери од Баерн се напаѓачот Роберт Левандовски, голманот Мануел Ноер, Џошуа Кимих и Тијаго Алкантара (кој сега е во Ливерпул). Покрај Левандовски во нападот е Кристијано Роналдо, Кевин де Брујне од Манчестер сити, и Нејмар од Пари Сен-Жермен, но не и Килијан Мбапе, големата ѕведа на францускиот весник.