Лионел Меси синоќа во Париз ја освои шестата Златна топка. Аргентинецот сега има една Златана топка повеќе од најголемиот ривал Кристијано Роналдо.
Меси во конечното гласање добил 686 гласа, само седум повеќе од Вирџил Ван Дајк, додека Роналдо беше трет со „само“ 476 гласа.
Златаната топа ја доделува Франс Фудбал, а во гласањето учествуваат 176 новинари од целиот свет. Новинарите можат да гласаат за петмина фудбалери на кои им доделуваат шет, четири, три, два и еден поен.
Секоја година во гласањето на новинарите има по некој бисер, а оваа година таа „чест“ му припадна на колегата Хафиз Марикар од Шри Ланка кој пишува за „Дејли њуз“.
Овој новинар не гласал за ниту еден од најдобрите тројца. На крајот секој има право на свој избор.
Вака гласал новинарот од Шри Ланка.