Top Sport

За обложувалниците Роналдо е седми фаворит да го наследи Солскјер

Иднината на Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер јунајтед е многу несигурна, и покрај денешните вести дека Сер Алекс Фергусон и бордот решиле да му дадат барем три натпревари пред потенцијалниот отказ (Тотенхем на гости, Аталанта на гости и Манчестер сити дома), а англиските обложувалници веќе поставија фаворити за негов наследник.

Според познатата британска обложувалница „Педи пауер“ покрај вообичаените имиња, на листата е и Кристијано Роналдо како седми фаворит.

Антонио Конте останува најверојатна замеа со 8/11, по што следуваат Брендан Роџерс (6/1), Зинедин Зидан (9/1), Ерик Тен Хаг (11/1), Маурисио Почетино (11/1) и Греем Потер (14/1).

Иако уште е активен фудбалер, Роанлдо со 19/1 е пред познати имиња како Ралф Рангник, Лусиен Фавр, Масимилијано Алегри, Леонардо Жардим, но и од поранешните соиграчи Мајкл Керик и Дарен Флечер.

Scroll to Top