Новиот преоден тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник за многумина во Германија е „менторот“ на новата генерација а фудбалски тренери, од Јирген Клоп, преку Томас Тухел и Јулијан Нагелсман, но 63-годишниот човек кој е задолжен да го смени Јунајтед, исто така е човек кој има некои револуционерни идеи за иднината на спортот.
Неодамна, Рангник сметаше дека големите на головите веќе не е „реална“.
„Мислам дека треба да зборуваме за нешто што го забележав уште пред 15 години. Дали димензиите на голот уште се разумни? Кога голот беше дефиниран да биде 2.44 метри висок и 7.32 метри широк, просечната височина, а тоа ги вклучува и голманите, беше за 10 сантиметри пониска од сега. Кога би го направил голот 30 сантиметри поширок и 20 сантиметри повисок, сигурно ќе гледаме многу повеќе голови“, изјави Рангник.