Шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте ги спореди навредите кои ги добива поради тоа што нема коса со навредите поради бојата на кожата, откако беше навредуван при прославата на титулата од Лигата на нации.
Шпанците се вратија од Холандија со титула по триумфот над Хрватска на пенали, и во Мадрид беа одлично пречекани со два исклучоци – ѕвездата на Барселона, Гави беше пречекан со навреди за каталонскиот клуб, а Де ла Фуенте со навреди за неговата ќелавост.
„Јас не го слушнав тоа, бидејќи имаше многу луѓе околу мене. Но, вакви работи ми пречат. Некултурно однесување и недостаток на респект. Имаше 20 манијаци кои ја уништија атмосферата, како и секогаш. Атмосферата беше магична, но тоа однесување е неприатливо. Што ќе се случеше ако некој наместо ‘ќелав, ќелав’ викаше ‘црн, црн’!“, се пожали Де ла Фуенте.