Top Sport

Спречена трагедија на СП во Будимпешта – пливачка се онесвести, ја спаси брзата реакција!

Натпреварувањето во синхронизирано пливање на Светското првенство во Будимпешта денеска донесе вистинска драма, кога американската натпреварувачка Анита Алварез се онесвести во базенот, за животот да и биде спасен по брзата реакција на нејзината шпанска тренерка, Андреа Фуентес.

25-годишната Алварез, која анатпреварувањето го заврши на седмото место, ја загуби свеста, но потоа од американскиот тим потврдија дека таа се чувствува добро и дека ќе оди на дополнителни тестирања да се утврди зошто се случил инцидентот.

Scroll to Top