Top Sport

Забавно попладне за „нераѕурите“ – бокс меѓу Конте и Лаутаро, па скара!

Фудбалерите на Интер, откако ги одбија барањата на газдите за откажување од две месечни плати следната сезона, имаа забавно попладне, во кое се организираше боксерски меч меѓу тренерот Антонио Конте и напаѓачот Лаутаро Мартинез, а се заврши со скара.

Лаутаро и Конте беа вклучени во расправија за време на вчерашната 3:1 победа над Рома, откако тој луто реагираше кога беше заменет (иако влезе како резерва). Сепак, очигледно немаше „лоша крв“ меѓу двајцата, откако на видеото се организираше боксерски меч помеѓу двајцата, со Ромелу Лукаку како совршен најавувач на мечот.

По ова, убавото време беше искористено и за скара. Расположението, секако, на највисоко ниво.

Scroll to Top