Top Sport

„Заборавениот“ Ориги го реши дербито на Ливерпул (Видео)

„Мерсисајд“ дербито одиграно во рамките на 14.коло во Премиер лигата му припадна на Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп го победи Евертон со 1:0, со голот на „отпишаниот“ Дивок Ориги во 96.минута.

Ливерпул и Евертон одиграа еден од најдобрите натпревари во последните неколку сезони. Штета што фудбалскиот аудиториум виде само еден гол.

Ливерпул се закани преку Мане во четвртата минута, а Евертон возврати преку Андре Гомеш и Волкот. До крајот на полувремето „црвените“ се заканија со обидите на Мане и Шачири. Најдобрата шанса во овој дел од натпреварот ја имаше Евертон, кога Џо Гомес од гол линијата ја исфрли топката во поле.

Ливерпул доминираше во второто полувреме, а Орги во 88.минута ја погоди гредата. Во шестата минута од судиското надополнување на времето кога една топка, која патуваше долго, Белгиецот успеа да ја смести зад грбот на Пикфорд.

По 14 натпреври во Премиер лигата, Ливерпул е втор со 36 бода, два помалку од лидерот Манчестер сити, додека Евертон остана на шестото место со 22 бода.

Scroll to Top