Top Sport

Забрани и ограничувања на ждрепката за ЕУРО 2024

Ждрепката за квалификациите за ЕУРО 2024 во Германија ќе се одржи на 9. октомври во Франкфурт.

Македонија противниците ќе ги чека од четвртиот „шешир“, во кој ќе бидат: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови и Македонија.

Ждрепката ќе се одвива со одредени ограничувања, пред се поради политичката ситуација на стариот континент.

Така Србија и Босна и Херцеговина не може да бидат во иста група со Косово, исто како и Ерменија и Азербејџан.

Поради политички разлики, Шпанија и Гибралтар нема да можат да бидат во иста група.

Исто така, има ограничувања поради ниските температури во зима. Така, само две од следните репрезентации можат да бидат во една група: Белорусија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Исланд, Летонија, Литванија и Норвешка.

Scroll to Top