Top Sport

Зачудувачка статистика – во Серија А повеќе ефективни минути фудбал од Премиерлигата

Иако ги следи репутација дека се „влечкаат“, статистиката вели дека во Серија А се игра најмногу „ефективен фудбал“ во топ 5 европските лиги по шпекулациите дека ФИФА подготвуваа правила за зголемување на ефективните минути во кои се игра пред Светското првенство во 2022.

Идејата на ФИФА е да се следат минутите во кои топката е во игра и да се продолжи мечот за да се исполни потребната минутажа, што би значело 100-тина минути фудбал по натпревар.

Според „ЦЕИС“ фудбалската опсерваторија, бројките за ефективни минти во топ 5 лигите се зачудувачки. Од 2018/19, Серија А има ефективен просек од  61.35 минути по натпревар, со што се пред германската Бундеслига (61.28), англиската Премиерлига (60.59), француската Лига 1 (60.32), а на дното е шпанската Ла лига со само 58.36 минути ефективна игра.  На дното во Европа е шкотската Премиерлига со 55.38 минути ефективна игра.

Scroll to Top