Добротворната иницијатива „Заедничка цел“ на шпанскиот фудбалер Хуан Мата доби на сила откако Чарли Дениелс и Алфи Мосон станаа првите англиски играчи кои ветија дел од својата заработувачка за добри цели.
„Зборував со неколку англиски играчи кои покажаа интерес во кампањата и одлично е што Чарли и Алфи се првите двајца кои потпишуваат. Двајцата играат во Премиер лигата и нивната посвета е голем чекор напред“, изјави Мата.
Дениелс е бек на Бурнемаут, додека Мосон е дефанзивец на тимот на Свонси. Двајцата ветија барем 1 отсто од својата плата за фондацијата на Мата која го развива фудбалот низ целиот свет. Уште позначајно е што двајцата фудбалери не се меѓу најплатените играчи во Премиер лигата и двајцата работеа напорно на својата кариера од пониските англиски лиги.
23-годишниот Мосон пред три години беше позајмен играч во Велинг јунајтед, додека 31-годишниот Дениелс помогна Бурнемаут да се искачи од третата англиска лига во Премиер лигата.
„Искусив речиси сè што можеш како фудбалер во Англија и затоа никогаш нема да заборавам од каде дојдов. Фудбалот е важен дел од мојот живот, како за многу луѓе во Англија и затоа е важно да се даде нешто назад“, изјави Дениелс.
Сега „Заедничка цел“ има 12 потписници низ целиот свет, вклучувајќи ги фубалските ѕвезди Матс Хумелс и Џорџо Кјелини.
I’m delighted to join the @CommonGoalOrg project. Together, we can make a difference. #CommonGoal #afcb ? @juanmata8 pic.twitter.com/QEc31aI5Am
— charlie daniels (@chazdaniels13) October 20, 2017
#CommonGoal https://t.co/Pt5qjGTqdX @CommonGoalOrg
— Alfie Mawson (@AlfieMawson) October 20, 2017