Top Sport

Заедно со Клоп тројца клучни играчи ќе го напуштат Ливерпул

Јирген Клоп минатиот месец објави дека ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната. Додека клубот го бара најдоброто решение за нов менаџер, англиските медиуми шпекулираат како ќе изгледа тимот по заминувањето на Германецот.

Со оглед на тоа дека Клоп заминува, тоа предизвика сомнеж кај некои играчи дали треба да останат дел од Ливерпул или пак е совршен момент кариерите да ги продолжат на некое друго место.

Па така Англичаните тврдат дека тројца клучни играчи ќе си заминат од Ливерпул и тоа Ван Дијк, Мохамед Салах и Алисон Бекер.

„Во летниот преоден рок Ливерпул ќе остане без осовината Алисон, Ван Дајк и Салах. Тие се подготвени да го напуштат клубот“.

Ван Дајк веќе призна дека не знае дали ќе остане дел од Ливерпул откако Клоп ќе си замине од клубот. Откако ја даде таа изјава Холанѓанецот рече дека неговите зборови биле извадени од контекст.

„Многу работи беа извадени од контекст. Го сакам клубот, ги сакам навивачите. Посветен сум на Ливерпул”, изјави неодамна фудбалерот на Ливерпул.

Scroll to Top