Top Sport

Дивајн Чарлот со светски рекорд на 60 метри со пречки

Последниот ден од Светското првенство во сала во Глазгов го одбележа Дивајн Чарлтон.

Девојката од Бахамите, со светски рекорд, освои златен медал на трката на 60 метри со пречиво 60 пречки. Планетарниот рекорд во сала на 60 метри со пречки сега изнесува 7.65 секунди.

На 11 февруари, Чарлтон ги истрча 7,67 секунди, кога за стотинка го надмина во тој момент актуелниот рекорд стар 16 години.

Во скок со стап очекувано славеше Швеѓанецот Арманд Дуплантис со скок од 6,05. Олимпискиот шампион го одбрани тронот од Белград. Новозеланѓанецот Горди Бимиш приреди сензација победувајќи на 1.500 метри со 3:36,54. Во истата женска дисциплина славеше Етиопјанката Хаила со 4:01.46.

На 800 метри најбрзи беа Американецот Брајс Хопел во машка (1:44.92) и Етиопјанката Дугума во женска конкуренција (2:01.90).

Scroll to Top