Top Sport

Захариевски: Струга ТЛ одработи одлични подготовки во Анталија

Есенскиот првак Струга Трим Лум ги заокружи подготовките во Анталија, а шефот на стручниот штаб на Срѓан Захариевски, искажа задоволство од тоа што тимот го одработи во турскиот туристички центар.

Вториот дел од сезоната почнува на 19.февруари, а Захариевски смета дека неговиот тим допрва треба да влезе во потребната натпреварувачка форма.

„Работевме максимално и гледавме секој миг да го поминеме на терен, бидејќи условите во Турција секако се на многу повисоко ниво, за разлика од кај нас. Одигравме пет натпревари на кои сите играчи добија соодветна минутажа, за да имаме компактибилен тим за пролетниот дел од првенството. Задоволен сум од прикажаното на тренинзите и натпреварите, но сѐ уште не сме на посакуваното ниво за кое мислам дека ќе бидеме на почетокот на првенството“, изјави Срѓан Захариевски.

Scroll to Top