Еден од најталентираните млади руски фубалери, 19-годишниот Арсен Захарјан од Динамо Москва ги отфрли шпекулациите дека планира да се обврзе за настап за Ерменија поради суспензијата која Русија ја има од страна на ФИФА и УЕФА.
Захарјан, кој веќе има шест настапи за Русија, би можел да игра и за Ерменија, каде што се родени неговите родители, за да помогне да се реализира неговиот договорен трансфер во Челси. Захарјан беше блиску до премиерлигашот, но договорот не можеше да се реализира поради проблемите со регистрацијата на играчите и исплатата на средствата кон рускиот клуб.
Захарјан тврди дека е целосно посветен на репрезентацијата предводена од Валериј Карпин.
„Сите тие шпекулации околу промената на националноста, ништо нема да се оствари. Јас прво го видов тоа на Интернет. Некои глупости, јас не сум направил такво нешто, ниту сум помислил. Ситуацијата со Челси ја решаваме со клубот и агентите. Што ќе се случи, јас не можам да знам. Сигурно немам закажан лет за два часа. Ако велат дека Челси е заинтересиран, тогаш е така“, вели Захарјан за „РИА новости“.