Зградата на Фудбалската федерација на Македонија утрово е евакуирана откако пристигна закана на мејл за наводно поставена бомба. По подолг период повторно ФФМ е вклучена во мејлинг адресата на заканите кои секојдневно пристигнуваат за наводни бомби во клучни објекти во главниот град.
„Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението од МВР.