Top Sport

Закани со смрт за Бастони по „провокацијата“ кон Барса

Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони добива закани по својот живот од лутите навивачи на Барселона по вчерашната пресметка во Лигата на шампионите, откако тој ги испровоцира со постот на социјалните мрежи.

Фудбалерите на Барселона беа бесни од 1:0 поразот по контроверзите во финишот на мечот и играњето со рака на Дензел Дамфрис, кој беше игнориран од ВАР судиите. Бастони додаде „масло на огнот“ откако на социјалните мрежи објави фотографија во која е во дуел со Гави, влечејќи го за јаката со порака: „Победа на срцето и карактерот“.

По ова фановите на каталонскиот клуб му пратија серија закани на италијанскиот фудбалер, ветувајќи дека ќе му ги скршат нозете, или дека ќе го убијат со пиштол, на што се пожали и неговата свршеница, Камила Брешани.

Ова само ја вжештува атмосферата пред вториот меч меѓу двата клуба на „Ноу Камп“, веќе во среда на 12 октомври.

Scroll to Top