Фудбалерите на Рома забележаа победа 2:1 против Порто, во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите. Римјаните пропуштија можност со поголема разлика да го започнат реваншот во Порто.
Рома сигурно одигра најдобро во последните два месеци, но само поради еден кикс во одбраната не обезбедија убедлива предност.
Играчите на Еузебио Ди Франческо започнаа да го притискаат противникот по 20 минута, а најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Един Џеко кога го погоди дирекот.
Репрезентативецот на БиХ, во главна улога беше во 70 минута кога му асистираше на Заниоло за првиот гол. Истиот играч шест минути подоцна зголеми на 2:0. Тој беше на вистинското место, откако топката се одби од дирекот по обидот на Џеко.
Три минути по вториот гол на Рома, „студен туш“ за сите на „Олимпико“. Напад на Порто што не ветуваше, топката среќно стигна до Адријан Лопез кој го совлада Олсен.
Реваншот на „Драгао“ во Порот е закажан за 6 февруари.