Никола Заниоло е талентирано момче што ги има сите квалитети да стане голема фудбалска ѕвезда. Заниоло, во Рома, пристигна минатото лето, иронично како кусур за трансферот на Раџа Наинголан во Интер.
Изминатите два месеци Заниоло е стандарден во првиот тим на „волчицата“, а во вторникот со два гола го сруши Порто во Лигата на шампионите и влезе во историјата на ова натпреварување.
Заниоло е најмладиот Италијанец што успеал да постигне два гола на еден натпревар во Лигата на шампионите.
Во Рома се свесни со каков потенцијал располага 19-годишниот фудбалер, кој има договор со клубот до јуни 2023 година. Годишно тој заработува 700.000 евра.
Наскоро на Заниоло клубот ќе му понуди нов договор и покажување на платата. Доколку го продолжи договорот до 2024 година Рома ќе му понуди плата од два милиони евра годишно плус одредени бонуси.
Исто така во новиот договор би била вградена „анти-Јувентус“ клаузула, според која италијанските клубови би требало да платат голема сума доколку би сакале да го реализираат трансферот.