Top Sport

Давитков со проверени сили против Романија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, го објави списокот на играчи што ќе конкурираат за место во тимот, за последниот натпревар од втората рунда на претквалификациите за пласман на Евробаскет 2021.

Наредната недела кошаркарите ќе гостуваат во Романија. Дуелот ќе се игра во Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот.

В понеделник во 10 часот на повикот на селекторот Давитков треба да одговорат: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Ричард Хендрикс.

фото/mkf.mk

Scroll to Top