Top Sport

Запата повторно донесе победа за Аталанта (видео)

Колумбискиот супер-напаѓач Дуван Запата постигна два гола за да стигне вкупно до 13 гостински голови за Аталанта да дојде до 3:1 победа на гостувањето кај Парма и да се искачи на шестото место на табелата во Серија А со само три поени помалку од Милан.

Парма стигна до рано водство преку ветеранот Жервињо уште во осмата минута, пред во 24. минута, Марио Пашалиќ со одличен гол да израмни на 1:1. Кога изгледаше дека ова ќе биде конечниот резултат на сцена стапи Запата, кој прво во 75. минута, а потоа и во 94. минута постигна два гола за импресивна победа.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');