Долгоочекуваното Европско првенство во фудбал ќе започне вечерва, во Рим, со натпреварот помеѓу Тирција и Италија. Борбата за континенталната титула, која ја брани Португалија, оради пандемијата на коронавирусот беше одложена за една година. ЕУРО 2020 ќе се игра во контролирани услови, со делумно исполнети трибини во 11 европски градови.
Покрај во Рим, натпревари на ЕП ќе се играат во Амстердам, Глазгов, Лондон, Букурешт, Баку, Будимпешта, Минхен, Санкт Петербург, Севилја и Лондон. На Вембли, во Лондон ќе се одигра завршницата, полу-финалните натпревари и финалето на 11.јули.
Македонија прв пат во својата историја ќе биде учесник на едно ЕП. Покрај Македонија, дебитант на европските првенства е и Финска.
А група: Италија, Турција, Швајцарија, Велс
Б група: Белгија, Данска, Финска, Русија
Ц група: Холандија, Украина, Австрија, Македонија
Д група: Хрватска, Шкотска, Чешка, Англија
Е група: Шведска, Шпанија, Полска, Словачка
Ф група: Франција, Португалија, Германија, Унгарија
Најголеми шанси за титулата, сопред букмејкерите, има репрезентацијата на Франција. Французите се актуелни шампиони, за ЕП ќе бидат посилни за Карим Бензема кој по шест години се врати во националниот тим.
Зад Французите се Англичаните, најмногу порадфи фактото дека завршницата се игра во Лондон. Потоа следуваат Португалија, Германија, Белгија, Италија и актуелните светски вице-шампиони, Хрватите.