Лион го совлада Анже со 3:2, а победничкиот гол беше дело на Тете, засилувањето кое пред неколку дена од украинскиот Шахтјор Доњецк дојде на позајмица до крајот на сезоната. Тете влезе во игра во 78.минута и само две минути подоцна се запиша во листата на стрелците.
Муса Дембеле беше стрелец на првите два гола за Лион, а Переира и Буфал двапати го израмнуваа резултатот. Сепак, Тете постигна трет погодок за Лион за освојување на трите бода.