Top Sport

Затоа е најскапиот дефанзивец – Ван Дајк од шестнаесетник до шестнаесетник за 10 секунди

Виргил ван Дајк е најскапиот одбранбен играч на светот, откако Ливерпул плати 75 милиони фунти за него на Саутемптон, трансфер кој тогаш предизвика многу потсмев поради високата сума за човек од одбраната.

Сега, откако покажа колку вреди за тимот на Јирген Клоп, веќе никој не се смее. Овој викенд против Бурнемаут, тој уште еднаш ја покажа својата сила – во 86. минута од мечот, бројот 4 на Ливерпул од бранење на корнер до противничкиот шестнаесетник стигна за неверојатни 10 секунди.

Scroll to Top