Поранешниот шпански репрезентативец Хосе Антонио Рејес во сообраќајна несреќа го загуби животот на 1 јуни минатата година. Извештајот за причините за несреќата е објавен девет месеци по сообраќајката.
Кадена СЕР објави дека причина за несреќата е неприлагодената брзина, поради што пукнала задната лева гума на возилото „Мерцедес С 500“, кое го управувал Рејес.
Гумата на автомобилот експлодирала при брзина од 187 километри на час. Порад тоа Рејес ја загубил контролата врз возилото.
Покрај Рејес животот во несреќата го загуби и неговиот роднина Жонатан додека третиот човек што се наоѓал во возилото Хуан Мануел Калдерон преживеал со тешки изгореници. Кога оган го зафатил возилото тој се обидел да ги извлече рејес и неговиот роднина од автомобилот.
Истрагата утврдила дека неколку дена пред несреќата автомобилот бил на сервис во работилница чии сопственик е братучед на Рејес. Истражните органи утврдиле дека во тој дел нема ништо сомнително.
Рејес во богата кариера настапувал за Севилја, Арсенал, Реал, Атлетико и Еспањол. Последните натпревари во кариерата ги одиграл во дресот на Екстрамадура.