Top Sport

Заврши казната за Роналдо, Варан го чека подолга пауза

Ерик Тен Хаг потврди дека Кристијано Роналдо ќе се врати во составот на Манчестер јунајтед на мечот од Лига Европа против Шериф Тираспол, и во исто време посочи дека Рафаел Варан ќе биде надвор од тимот до крајот на Светското првенство.

37-годишниот Роналдо беше казнет со исклучување од тимот откако одби да влезе во игра при 2:0 победата над Тотенхем минатат среда и пред крајот на мечот си замина од стадионот, но во вторникот се врати на тренинзи и Тен Хаг потврди дека ќе биде во тимот за дуеот против Шериф.

„Да, Кристијано ќе биде во тимот утре. Не беше тежок период, мислам дека веќе одговоривме на сите прашања. Беше надвор од тимот еден натпревар, но сега повторно е во тимот. Не мора да ме прашувате повеќе за тоа, бидејќи нема да одговарам. Мислам дека мината недела доволно кажавме, и сега имаме важен меч за да го освоиме првото место на табелата“, вели Тен Хаг.

„Ѓаволите“ ќе обезбедат математички пласман ако избегнат пораз од повеќе од еден гол разлика од Шериф, но главната цел ќе биде преземање на првото место од Реал Сосиедад следната недела со дуел во Шпанија. Тоа ќе биде еден од шесте меча во кои Тен Хаг нема да може да смета на Рафаел Варан пред паузата од Светското првенство по повредата на коленото.

„Тој сигурно ќе биде во аут до Светското првенство. Дали може да игра во Катар? Ќе треба да ја почекаме прогнозата и да видиме како ќе се одвива ситуацијата“, вели Тен Хаг.

Ова ќе биде шанса капитенот Хери Мегваер да се врати во првиот тим.

Scroll to Top